Јасин Акѓул, новинар на АФТ/Фото: Икс

Турските власти го ослободија фоторепортерот на АФП

Турскиот суд денеска го ослободи фоторепортерот на АФП, Јасин Акѓул, кој беше уапсен во понеделникот под обвинение дека учествувал во демонстрациите против притворот на Екрем Имамоглу, од каде тој известуваше како дописник од Истанбул, соопшти неговиот адвокат за агенцијата Франс прес.

Во исто време се ослободени и седум други новинари кои беа уапсени од истите причини, објавија нивните адвокати.

Апсењето на Анѓул, заедно со други новинари, во понеделникот во раните утрински часови во нивните домови предизвика меѓународна осуда.

Претседателот и извршниот директор на француската новинска агенција АФП повикаа на итно ослободување на фоторепортерот. Во писмото до турското претседателство, Фабрис Фриш, од новинската агенција, изјави дека Акгул не учествувал во протестите, туку ги снимал како дел од неговите новинарски должности.

Исто така, според турското здружение за човекови права МЛСА, донесена е одлука за ослободување на уште најмалку двајца од шесте други новинари.

Меѓу нив е и фотографот Булент Килиџ, поранешен соработник на АФП, кој е добитник на меѓународни награди.

Новинарите беа уапсени под обвинение за учество во демонстрации кои беа забранети од турските власти, но избувнаа низ цела Турција од 19 март по апсењето и притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот