Фото: ffm.mk

Турската фудбалска федерација ни посака успех на Европското првенство

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски во „Куќа на фудбалот“ одржаа работен состанок со високите гости од Турција, претседателот на Турската фудбалска Федерација, Нихат Оздемир и потпретседателот на Турската фудбалска Федерација и член на Извршниот комитет на УЕФА, Сервет Јардинџи.

Состанокот со гостите од Турција е продолжување на конструктивната соработка меѓу двете пријателски федерации. На средбата со раководството на Фудбалската федерација на Македонија почитуваните гости беа запознаени со активностите на нашата федерација и можностите за идна соработка.

– Турската фудбалска Федерација е една од најголемите во Европа. За разлика од нив, ние сме мала федерација, но сме земја која се стреми кон големи работи и делиме подеднаква страст за фудбалот. Благодарност до нашите колеги од Турција за поддршката која ни ја даваат, во сите нивни одлуки се чувствува љубовта кон фудбалот и почитта кон сите нации, независно од нивната големина или финансиски удел.

За нас е исклучително значајно да имаме партнер во Турската фудбалска Федерација и верувам дека нашата идна соработка ќе биде на многу повисоко ниво со конкретни проекти. Им се заблагодарувам на гостодинот Оздерим и господинот Јардинџи за нивната посета и се радувам на продолжувањето и негувањето на нашите добри односи – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Претседателот на Турската фудбалска Федерација, Нихат Оздемир и неговиот заменик и член на Извршниот комитет на УЕФА, Сервет Јардинџи посакаа успешна и плодна работа на претстојното Редовно изборно собрание на ФФМ и секако, успех за македонската репрезентација на Европското првенство.

Потсетување дека нашата А селекција на континенталниот собир (11 јуни – 11 јули 2021 година) се наоѓа во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија. И Турција ќе учествува на ЕП, односно е во групата „А“ со селекциите на Италија, Велс и Швајцарија.

АМС нема да го признае Собранието на ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот