Фото: Архива

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Со првиот лет на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид свечено беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија.

Летовите на релацијата Истанбул-Охрид ќе се реализираат четирипати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.

Според надлежните, оваа нова линија ќе значи многу за развојот на туризмот, но и за развој на економијата во Северна Македонија.

Првите патници од Истанбул на охридскиот аеродром беа пречеани од премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот