Туристичката сезона во Бугарија ќе пропадне: Дваесет отсто од рестораните банкротирале

Рестораните, баровите и кафулињата во Бугарија беа затворени за време на двомесечната вонредна состојба која беше прогласена на 13. март, а на угостителите од 5. мај им е дозволено да ги користат отворените делови од своите објекти.

Во моментов околу половина од сите ресторани во Бугарија работат, додека 20 отсто од нив банкротирале за време на кризата предизвикана од пандемијата од корона вирусот., изјави претседателот на тамошната организација на угостители, Ричард Алибегов.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, дозволата за работа на затворените ресторани ќе ја олесни ситуацијата, а Алибегов оценува дека бројката би била уште поголема доколку државата не преземела мерки за помош.

– Туристичката сезона најверојатно ќе пропадне, но правиме се што е возможно да спасиме она што може да се спаси, изјави Алибегов.

Тој додава и дека организацијата на угостители во моментов бара намалување на ддв за рестораните од 20 на девет отсто, со што би се зголемиле платите на вработените за да ги задржат на работа.

Рестораните, баровите и кафулињата во Бугарија беа затворени за време на двомесечната вонредна состојба која беше прогласена на 13. март, а на угостителите од 5. мај им е дозволено да ги користат отворените делови од своите објекти, согласно мерките за претпазливост кои подразбираат зголемена дистанца меѓу столовите, дезинфекција на просторот и носење заштитни маски.

Затворените делови од рестораните и кафулињата во Бугарија ќе може да се користат од 1. јуни.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот