Фото: EPA-EFE/ZOLTAN BALOGH HUNGARY OUT

Турција од Бугарија доби список на турски државјани кои се занимаваат со трговија со мигранти

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, на средбата во Истанбул со неговиот турски колега Сулејман Сојлу, врачи списоци на турски државјани, за кои бугарските власти имаат податоци, дека се занимаваат со нелегална трговија со мигранти до границата со Бугарија.

Дерменџиев добил уверување од Сојлу дека против нив ќе се преземе соодветна активност во Турција. Вакви акции, со вкрстување на борбата против трговијата со дрога веќе се спроведени. Во Турција запленети се големи количества дрога – од авион и од камион, за што Бугарија дала предупредување, објасни Демерџиев.

Тој во Истанбул прецизираше дека бугарската страна верува дека со взаемни напори и заедничка работна група мигрантскиот притисок ќе се сведе на минимум на бугарско-турската граница. Дерменџиев посочи дека веќе има ефект од овие акции, велејќи дека притисокот врз бугарската гранична полиција е значително намален.

По посетата на Истанбул, Дерменџиев за бугарските медиуми изјави дека турските власти распоредиле многу жандармерија и воени сили долж границата меѓу Турција и Бугарија. Тој изјави и дека тие се лоцирани на различни стратешки приоди кон границата меѓу Турција и Бугарија и со тоа е запрено собирањето на големи групи мигранти. И ако претходно, дневно, се собираа над илјада луѓе кои ја напаѓаа границата од турска територија кон Бугарија, сега се во помали групи од по 20-30 луѓе. Турските униформирани патроли се многу поактивни во проверката на нелегално оружје, дрога и шверц долж границата со Бугарија.

Во исто време, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во разговор со претседателот на Народното собрание на Бугарија, Вежди Рашидов, кој е во посета на Анкара, најави дека турските власти ќе подигнат споменик на убиениот бугарски граничен полицаец пред еден месец на границата со Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот