тука вакцина турковак
Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Турција денеска почнува со аплицирање на вакцината „Турковак“

Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против ковид-19 „Турковак“, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти.

Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата од каде ќе започне вакцинацијата. И самиот Коџа вчера ја прими вакцината „Турковак“ како засилувачка доза, заедно со членовите на специјализираниот научен совет за контрола на коронавирусот.

Турската вакцина „Турковак“ доби одобрение за итна употреба минатата недела. Со воведувањето на „Турковак“, Турција стана деветта земја во светот што произведува сопствена вакцина против ковид-19. Досега во државата се аплицирани 130 656 206 дози вакцина против коронавирус. Вкупно 56,87 милиони луѓе биле имунизирани со најмалку една доза, 51,53 милиони со две дози, а 18,34 милиони примиле трета доза вакцина додека 83,01 отсто од возрасната популација се вакцинирани со две дози, покажуваат официјалните статистички податоци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот