Турчин осуден на две и пол години затвор за убиство на бездомна мачка

Судот во Истанбул осудил маж на две и пол години затвор кој намерно убил бездомна мачка и добил забрана да ја напушта земјата. Тоа е најстрогата казна што некогаш била изречена во Турција според Законот за заштита на животните, јавуваат регионалните медиуми од Турција.

Истанбул е познат по големиот број мачки скитници кои никој не ги допира и луѓето се грижат за нив и ги хранат.

Надзорното видео објавено во судот покажува како осуденикот на 1 јануари намерно го бркал мачорот Ерос и го претепал до смрт во лифт.

Настанот предизвикал голем гнев во Турција. Стотици активисти за правата на животните се собрале внатре и надвор од судот, извикувајќи „убиец“. Во последните денови на социјалните мрежи станал популарен и хаштагот „Правда за Ерос“.

Само на објавувањето на пресудата, која се уште не е правосилна, вчера во судницата присуствувале повеќе политичари и активисти. Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч преку платформата Х објавил дека тоа е највисоката казна изречена досега според турскиот закон за заштита на животните.

 

Осудениот имал психички проблеми. За истото дело и претходно бил осуден на една година и три месеци затвор, но судот за добро однесување му ја намалил на три месеци.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот