Меѓународен аеродром Скопје (Фото: ТАВ)

Турчин бил фатен со фалсификувани бугарски исправи на скопскиот аеродром

Турски државјанин бил приведен на скопскиот аеродром откако се обидел да влезе во државава со фалсификувани бугарски документи.

„Денеска (12.10.2023) во 01.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.А.(43) од Република Турција. При извршена пасошка контрола било констатирано дека бугарската лична карта и бугарската патна исправа, кои ги дал на увид, биле фалсификувани. Со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека документите ги купил од едно лице од Истанбул за сума од 7000 евра“, информираат од МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот