Комбе излета од мостот на експресниот пат Штип-Радовиш / Фото: скриншот

Тројца работници загинаа, двајца повредени во несреќата на експресниот пат Штип – Радовиш

Тројца работници го загубија животот, а двајца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што утринава се случи на експресниот пат Штип – Радовиш, во близина на селото Лакавица, кога комбе излетало од мостот на Балталиска Река.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов, изјави за МИА дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирал смрт кај двајца патници, додека трет работник, иако бил реанимиран, подлегнал на повредите.

Според првичните информации, загинатите се странски државјани од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка компанија. Во несреќата повредени се уште еден работник и возачот на комбето.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Владко Захариев, потврди дека кај нив е хоспитализирано едно лице, кое во моментов е подложено на детални лекарски прегледи.

ВИДЕО | Тешка несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш: Комбе излета од мостот, има загинати и повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот