Фото: Pexels

Трите најчести пози што ги зазема мачката додека спие: Едната го изложува најранливиот дел од нејзиното тело

Стомак нагоре, полумесечина или „лебче“ – ова се трите најчести положби во кои мачките спијат. Овие миленичиња обично спијат од 13 до 16 часа дневно. Понекогаш избираат чудни места за спиење, како што се плакари, фиоки, корпи за алишта, кеси со намирници… Меѓутоа, освен местото на кое спијат, многу за нив кажува и позата во која спијат, пишува „Љубимци“.

Што открива положбата во која мачката спие за нејзиниот карактер и чувства?

1. Поза полумесечина

Освен удобноста, мачките ја обожаваат и топлината и сакаат да спијат под ќебиња или во близина на радијатори и камини. Свитканата поза на полумесечина е позната и како „поза на крофна“: шепите се блиску до лицето, а опашката го обвиткува целото тело. Целта е да се задржи телесната топлина. Оваа положба претставува и диво наследство на мачките: таа е многу корисна за заштита на виталните органи (со вртење на главата блиску до градите, мачката го чува стомакот). Покривањето на лицето со шепите значи дека мачката спие длабок сон.

2. Поза која го открива стомакот

Оваа поза на мачка која спие пренесува чувство на спокојство. Тоа е несомнено најрелаксираната положба за спиење, што укажува на тоа дека мачката се чувствува сигурно дома и покрај вас. Нашите миленичиња (вклучувајќи ги и кучињата) не сакаат триење на стомакот и навикнати се да го покриваат овој дел од телото, покажувајќи го исклучиво на оној кому најмногу му веруваат. Лежејќи на грб, мачката е поранлива и нејзините витални органи се целосно изложени. Во случај на опасност, бегањето од оваа положба би било потешко и би траело подолго. Спиењето на грб со откриен стомак значи смиреност и благосостојба на мачката.

3. Поза „лебче“

Некои ја нарекуваат оваа поза и „поза на мисирка“: главата на мачката е исправена, со лицето надолу, предните и задните шепи се вовлечени под телото, а очите се полузатворени или затворени. Мачката на овој начин дреме и останува на готовс, подготвена да реагира во случај на опасност. Тоа е одбранбена положба што ги одржува шепите топли и значи нешто привремено што предвидува подолг сон (во друга положба), или будење и оброк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот