Фото: А1он

Триста средношколци се собрале на договорена тепачка во „Бисер“, полицијата спречила голем инцидент

Вечерва во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром се собрале огромен број на ученици, околу 300, на „договорена тепачка“, а ескалација спречила полицијата, објави „А1он“.

Очевидци за порталот велат дека децата биле собрани во трговскиот центар и околу него, но полицијата брзо реагирала и успеала да ги разбие групите.

Вечерва е зголемено полициското присуство во ТЦ „Бисер“.

„Договорените тепачки“ стануваат сѐ почести, а минатиот месец беше објавена и снимка од сличен инцидент во Дебар Маало, која предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот