Фото: Pexels/ Nick Collins

Ефикасни и брзи трикови за отстранување на мирисот од лукот

Лукот го намалу­ва ризикот од раз­вој на рак на дојка, дебелото црево, желудникот, грлото и кожата. Исто така, оваа супер здрава намирница е корисна за срцето, а неговата тајна е во сулфидите со коишто изобил­ва.

Меѓу другото, треба да знаете дека начинот на приготвува­ње на лу­кот вли­јае врз неговите вредно­сти и делотвор­ност. Предно­стите на сулфидите не можат да се искористат доколку лукот е згмечен и исечкан, ако 10-15 минути потоа не е искористен.

Лукот кој е купен исечкан ги нуди истите предно­сти, но оној што ќе се испржи, ги губи корисните својства.

Сепак, неговиот впечатлив и интензивен мирис не наведува да не го консумираме онолку колку што би требало. Затоа нутрициони­стите ви ги откри­ва­ат триковите со кои би се ослободиле од лошиот здив по јадењето лук.

Посто­јат производи кои го ублажува­ат или во потполност го решава­ат проблемот со лошиот здив по јадењето лук. Значи, за да не се мачите со дено­ви со непријатниот мирис на лукот, се препорачува да консумирате јаболка, суви сливи, праски, спанаќ, босилек и магдонос. Овие намирници се в­стински лек за лошиот здив по јадењето лук.

Истражувањата покажале де­ка хра­на­та бо­га­та со фенол го отстранува лошиот мирис на сулфурните соединенија во лукот, па за најдобар ефект треба да го комбинирате лукот со еден од овие производи.

Исто та­ка, спо­ред нај­но­ви­те истра­жу­ва­ња, мле­ко­то е мо­же­би нај­е­фи­кас­но во отстранувањето на мирисот, особе­но ако се пие пред или во те­кот на јадењето лук. Водата во млекото ја плакне устата, а дополнителна помош во от­странувањето на ло­ши­от ми­рис е млечната маст.

Доколку млекото не е добра комбинација со одредена храна, алтернатива е зелениот чај, кој, исто та­ка, може да се пие пред или во текот на јадењето на овој драго­цен производ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот