Фото: chairrepairs.com.au

Трик што се користи во музеите: Еве како прашината со денови нема да се собира на мебелот

Веројатно сте слушнале за глицерин и неговата примена во медицината, козметологијата, прехранбената индустрија и земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот?

На пример, со помош на глицерин, чистењето на куќата ќе стане песна.

Веројатно досега сте пробале неколку начини да ја отстраните здодевната прашина, но ако му се верува на познатиот музеј „Смитсонијан“, тајната состојка е глицеринот, кој можете да го најдете во повеќето аптеки.

Пет начини на кои можете да ја исчистите куќата со глицерин:

1. Блескаво чисти подови

За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофата со вода.

2. Ослободете се од прашината на долги патеки

За да го направите ова, додадете малку глицерин во садот со вода. Натопете ја крпата со оваа вода и избришете ги површините. Прашина нема да видите најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.

3. Ги отстранува дамките од облеката

Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и по половина час исперете ја.

4. Правилно одржување на кожeниот мебел

Ако го изгребате кожeниот мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.

5. Прозорци

Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Долго време, ниту прашината, ниту нечистотијата нема да ја нарушат чистотата на вашите прозорци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот