Pixabay

Три синдроми што се јавуваат при патување: Проверете дали некогаш ве „фатил“ париски, ерусалимски или фирентински синдром

Иако велат дека патувањата го облагородуваат човекот, некои дестинации кога ќе го посетите сепак не ве шармираат и се прашувате што точно другите гледаат во нив или како е можно некому да му се допаѓа нешто вакво. Па, парискиот синдром е наречен токму според еден од најпопуларните градови за туристите, град што секој сака да го посети барем еднаш, но кој кај голем број туристи предизвикува чувство на разочараност по посетата.

За што точно станува збор? Едноставно, некои туристи, по пристигнувањето во Париз, сфаќаат дека градот не е толку убав како што очекувале. Тоа не е обично разочарување, туку луѓе почнуваат да страдаат од напади на паника, анксиозност, вознемиреност… Првата теорија за овој синдром ја изнесе јапонскиот психијатар Хироаки Ота, кој во осумдесеттите години од минатиот век, додека работел во париска болница, наишол на голем број јапонски туристи кои ги имале горенаведените симптоми.

Заедно со јапонските туристи, случаи се пријавени и кај кинеските туристи. Имено, од идеализираниот Париз, градот на романтиката, љубовта и уметноста, туристите одеднаш наидуваат на честопати непријателски настроени келнери и сообраќаен хаос, и очигледно, сите не го поднесуваат тоа баш добро.

Што е фирентински синдром?

Постои и синдром поврзан со еден од најубавите градови во светот – Фиренца. Значи, доаѓате во срцето на Италија, ја гледате куполата на Џото, ѕиркате во Уфици и се восхитувате на Раѓањето на Венера, а потоа го гледате Давид на Микеланџело. И потоа одеднаш – нервоза, гадење, потење на дланките, несвестица – се соочивте со фирентинскиот или Стендаловиот синдром.

Според оваа теорија, важните уметнички дела можат да остават толку силен впечаток кај некоја личност што нивното гледање може да ги предизвика чувствата опишани погоре. Веројатно се прашувате каква врска има францускиот писател Стендал со тоа. Па, токму тој ги опиша впечатоците од своето патување во Фиренца во 1817 година, нагласувајќи дека „неговото срце не престануваше да чука од возбуда, а душата му беше во состојба на транс“. Многу подоцна, во 1989 година, еден италијански психијатар го опишал овој синдром врз основа на повеќе набљудувани пациенти.

Ерусалемски синдром

Ерусалемскиот синдром покажува како туристите се идентификуваат со некои личности од религијата на која ѝ припаѓаат. Откако пристигнале во „светиот град“, веројатно под товарот на историјата и религиозното значење, некои луѓе се поистоветуваат со Исус или некоја друга важна религиозна личност. Со текот на времето, психијатрите заклучиле дека ваквите заблуди се почести кај мажите кои се строго воспитани и кај самците.

Секако, овие три не се единствените синдроми со кои се соочуваат туристите, но за индискиот, кинескиот, хелсиншкиот или стокхолмскиот ќе пишуваме во друга прилика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот