Три рецепти за трите најдобри домашни сладоледи: Сите природни состојки, а вкусот како во најдобрата слаткарница

Фото: Picryl

Домашниот сладолед се прави едноставно, така што ги матите состојките создавајќи ја смесата, додавате овошје и го замрзнувате, а вкусот е неспоредливо подобар од сладоледот купен во продавница.

Фото: gordonramsaysubmissions / Flickr

Денеска ви пренесуваме 3 рецепти за најубавите домашни сладоледи:

Сладолед број 1

Состојки:

– слатка павлака
– 500 мл
– 200 црно чоколадо
– 100 малини
– 1 грчки јогурт

Начин на подготовка:

Се мати слатката павлака, па во неа се додава растопеното темно чоколадо и се додаваат 100 грама свежи малини, како и еден грчки јогурт. Ако не сакате многу сладок сладолед, не додавате шеќер, но оние што го сакаат можат да додадат шеќер во прав. Замрзнете и уживајте!

Фото: Wikimedia Commons

Сладолед број 2

Состојки:

– 3 банани
– 200 малини
– 3 „посилни“ лажици мед
– 1 грчки јогурт

Подготовка:

Измешајте сè во блендер, сипете во сад и замрзнете. Пред сервирање, посипете со бисквити измелени во прав (или плазма во прав) или кокосово брашно или овошје по желба.

Фото: PickPik

Сладолед број 3

Овој рецепт е малку покомплициран, но, верувајте, вреди да се направи.

Состојки:

– половина литар млеко
– 50 г путер
– 100 г слатка павлака
– 5 жолчки
– 150 г шеќер во прав
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– овошје по избор (или што и да имате при рака)
– инстант кафе, какао или капучино

Начин на подготовка:

Одделете ги жолчките од белките, па во жолчките додадете ванилин шеќер, шеќер и путер, како и малку млеко и слатка павлака, па сето тоа сварете го како пудинг. Оставете малку да се излади, па повторно матете со миксер додека смесата не се згусне. Потоа, во половина од смесата додадете овошје по желба и во количината што ја сакате.

Во втората половина додадете рендано или растопено чоколадо, а можете да додадете и инстант кафе, па ќе добиете сладолед со кафе.

Замрзнете и потоа засладете се.

Фото: Veganbaking.net / Flickr
Фото: Picryl

Уживајте во вкусот на овие три природни рецепти!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот