Фото: Flickr

Три проблеми со очите може да бидат знак за рак на белите дробови

Три забележливи проблеми со очите може да бидат знак дека се развил рак на белите дробови, и тоа најчесто се случува кај туморот Панкост. Туморот Панкост е ретка форма на рак на белите дробови која започнува во горниот дел на белите дробови. Симптомите обично вклучуваат болка во рамото и слабост во раката, но и проблеми со очите. Овој вид тумор не е излечлив, но во многу случаи може да се држи под контрола со третмани како хемотерапија, радиотерапија и хирургија, пишува „Е-клиника“.

Хорнеровиот синдром предизвикува три очни симптоми што може да бидат знак за рак на белите дробови

Ако некој забележи дека зеницата на едното око е помала од другата, дека едниот капак е спуштен и дека има намалено потење на таа страна од лицето – тоа може да биде знак за карцином. Овој „пакет“ од очни симптоми се нарекува Хорнеров синдром и може да укажува на рак на белите дробови.

Хорнеровиот синдром е редок невролошки синдром кој влијае на окото и околината на едната страна од лицето. Тој е знак за оштетување на симпатичниот нервен пат и може да биде предизвикан од различни состојби – од дисекција на каротидната артерија до апикален тумор на белите дробови.

Овој синдром настанува поради нарушување на патот на симпатичките нерви што го поврзуваат мозочното стебло со окото и лицето. Овие нерви ги контролираат неволевите функции како што се потењето и ширењето или стеснувањето на зениците.

Знаци на очите кои укажуваат на Хорнеров синдром

Птоза – спуштен очен капак

Птозата или спуштениот очен капак е симптом на Хорнеров синдром. Може да го наруши видот и да предизвика дополнителни компликации. Обично настанува поради неправилно функционирање на мускулот што го подига капакот. Состојбата може да го ограничи или целосно да го блокира видот, во зависност од степенот на спуштање. Птозата може да се јави на едниот или на двата горни капаци, но често е поизразена на едното око.

Енофталмос – „вдлабнати очи“

Вдлабнатите или „потонати очи“, медицински наречени енофталмос, може да се јават поради дехидрација, Хорнеров синдром, трауматска повреда на окото или вродени состојби како синдром на тивок синус. И стареењето може да предизвика ваква појава (сенилен енофталмос).

Анизокорија – различна големина на зениците

Стручњаците советуваат дека ако некој забележи дека зениците му се со различна големина, треба веднаш да побара итна медицинска помош. Иако понекогаш може да е привремена појава, анизокоријата може да биде прв знак за животозагрозувачки состојби како мозочен удар или анеуризма.

Анизокорија е медицински термин што означува дека едната зеница е поголема од другата. Зеницата е темниот центар на окото што ја менува својата големина за да се прилагоди на светлината. Се стеснува при силна светлина и се шири во темница. Овие промени се случуваат автоматски. Ако имате анизокорија, една зеница ќе биде видливо поголема од другата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот