
Три места во вашиот автомобил се вистинско легло за бактерии: Исчистете ги што е можно поскоро
Многу возачи се фокусираат на сјајот на надворешноста на нивните автомобили, додека внатрешноста често се занемарува, иако тоа може да биде извор на сериозни здравствени проблеми.
Препорачано
Нечистотијата и бактериите кои се акумулираат во возилото може негативно да влијаат на здравјето на возачот и патниците, па затоа е неопходно редовното чистење.
Ова се трите највалкани места во автомобилот кои бараат посебно внимание.
1. Седишта – главен извор на бактерии
Седиштата се најкористениот дел од внатрешноста на автомобилот, а во исто време и највалканите. Истражувањата покажуваат дека седиштата можат да содржат повеќе бактерии од просечниот тоалет.
Редовното чистење со правосмукалка ја отстранува прашината, додека за длабинско чистење се препорачуваат шампони за внатрешноста на автомобилот или специјални марамчиња, во зависност од материјалот на седиштето.
2. Безбедносни појаси – запоставени и опасни
Безбедносните појаси често доаѓаат во контакт со рацете и кожата, што ги прави идеално место за акумулација на бактерии и нечистотија.
Редовното миење на појасите со помош на благи детергенти или шампони помага да се отстранат дамките и микроорганизмите.
По чистењето, ремените треба добро да се исушат за да се спречи формирање на мувла.
3. Рачна сопирачка – легло на нечистотии
Рачната сопирачка, без разлика дали е физичка рачка или електронски прекинувач, се користи при секое возење и лесно ја собира нечистотијата.
Прашина и бактерии често се акумулираат на ова место, па затоа е важно редовно да ја вшмукувате и чистите рачната сопирачка со благи средства или специјални марамчиња.