Медалисти од европската Универзијада во Унгарија 2024/фото извор: Bosko Zaborski

Три медали за македонските каратисти на Европската универзијада во Унгарија

Македонската универзитетска карате репрезентација забележа одличен резултат на европската универзијада во Унгарија. Нашите каратисти Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да извојуваат победи во финалните натпревари и ги освоија златните медали.

Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг), додека Стефан Стојановиќ оствари пласман на петто место.

Во финалниот натпревар Заборски не дозволи никакво изненадување, извојува победа во борбата со Тим Стеинер од Германија крајниот резултат е 2:0. Со тоа Заборски ја одбрани европската титула која ја имаше на минатата европска универзијада од Лоѓ, Полска.

Божовиќ беше исто така успешен во финалниот натпревар и освои златен медал, тој победи со резултат 1:0 со Словакот Томас Коса.

РЕЗУЛТАТИ:

Петар Заборски (-75 кг), финале

Петар Заборски-Рафаело Ди Гиола Швајцарија 5-0
Петар Заборски-Тамас Ацс Унгарија 8-0
Петар Заборски-Гонцало Феитас Португалија 3-0
Петар Заборски-Сассу Ндао Франција 1-0

Финале
Петар Заборски – Тим Стеинер Германија 2-0

Данило Божовиќ (+84 кг), финале

Данило Божовиќ-Јацхум Тимавски Словачка 4-3
Данило Божовиќ-Немања Јовович Грна Гора 4-1
Данило Божовиќ-Осман Османли Турција 5-1

Финале
Данило Божовиќ – Томас Коса 1-0

Мојсовска Ангела (-68 кг) бронзен медал

Мојсовска Ангела-Равлиќ Ана Марија Хрватска 1-0
Мојсовска Ангела-Арабли Рената Азербејџан 9-1
Мојсовска Ангела-Маделина Сцроетер Германија 1-9

Борба за бронзен медал
Ангела Мојсовска – Маница Бриана Романија 10-2

Стојановиќ Стефан +84 кг, петто Место
Стојановиќ Стефан-Девхуртс Рајан Англија 8-0
Стојановиќ Стефан-Гок Самед Турција 1-0
Стојановиќ Стефан-Коса Томас Словачка 1-1
Стојановиќ Стефан-Кадир Фуркан Генч Турција 1-1

Викторија Јовановска (-61 кг)
Викторија Јовановска – Мараута Михаела Романија 0-2

Европската летна универзијада се одржуваше во два унгарски градови, Мишколц и Дебрецен, во периодот од 14-19 јули. На Европската Универзијада земаа учество преку 5000 студенти, од 400 универзитети од 40 европски држави и тие се натпреваруваа во 18 различни спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот