Плакат за програмата во МКЦ

Три концерти и изложба се на програмата на втората вечер на „Скопски градски фестивал“

Јубилејното петто издание на „Скопски градски фестивал“, со возбудлива и исклучително квалитетна програма, на 9 мај, во рамките на втората фестивалска вечер, ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. На програмата се три концерти и изложба на колажи од Марга Рита.

По повеќе од пет години, пред скопската и македонска публика ќе настапи еден од најдобрите македонски и балкански рок-состави, групата „Бла-бла-бла“, предводена од харизматичниот лидер и автор со оригинален музички израз, Идриз Амети. Миленици на музичката критика, бенд составен од одлични музичари со долгогодишно искуство на регионалните сцени.

Истата вечер во Денсинг салата „25 Мај“ на МКЦ ќе настапи и Мухамед Ибрахими, кого го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен, но маестрален на сцена. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж.

Настапот на средношколскиот бенд „3rd Brigade“, составен од ученици од „American High School“ – Скопје ќе го направи воведот во вечерта, која ќе биде исполнета и со изложба на авангардни колажи од Марга Рита.

Генерален спонзор на петтото издание на „Скопски градски фестивал“ е Комерцијална Банка АД Скопје, покровители се Министерството за култура и „Smart Living“, а медиумски партнери се Радио Бубамара и „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот