Иво Нисканен беше „златен“ во класичен стил, скијачко трчање/Жангјаку, Кина/11 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Трето олимписко злато за Финецот Нисканен

Иво Нисканен освои злато на 15 километри класичен стил (скијачко трчање) на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Финецот имаше одлична трка и стигна до третиот златен медал на најголемото светско спортско натпреварување со време 37:54,8 минути. Водеше Нискакен буквално од првото до последното поминување и не им остави надеж на ривалите дека можат да го загрозат.

Нисканен беше најдобар во Пјонгчанг пред четири години на 50 километри, додека во Сочи во 2014 година го освои најсветлиот медал во екипен спринт. Тој веќе освои бронза во скиатлон во Пекинг.

По златото во скиатлон, Александар Болшунов стигна до сребрениот медал на 15 километри. Русинот се обиде, но Нисканен денеска беше недостижен за него. Заостана 23,2 секунди од победникот.

Јоханес Клебо го освои и вториот медал во главниот град на Кина. По триумфот во спринтот, Норвежанецот стигна до бронзата благодарение на одличната завршница на трката. Тој имаше минус од 37,5 секунди во однос на првопласираниот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот