фото: kfsm.mk

Трет пораз на јуниорките на Европското првенство Дивизија Б

Јуниорската женска репрезентација на Македонија го запиша и третиот пораз во низа од стартот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години.

Во третото коло од групата „А“, убедливо славеше Шведска со 81:41, па така нашата селекција теоретски ги загуби шансите за пласман во ТОП 8 фазата од шампионатот во Литванија.

Солидна прва четвртина одиграа нашите јуниорки на дуелот со Шведска. Макар што екипата од Скандинавија се стекна со водство, и не така високо (16:11) какво што беше по поентирањето на Колева.

Но, со серија од шест поени, Шведска се стекна и со двоцифрена предност (22:11), на почетокот на вториот период од играта во кој за нашата селекција тим поентираа само три кошаркарки.

За жал, не ја сопревме серијата на противникот во таа воведна фаза од втората четвртина, Шведска имаше двојно поголеми 26:13, по не цели пет минути од тој дел од натпреварот. До истекот на првото полувреме, предноста на противникот беше и недостижна. Шведска имаше плус 24 поени позитива (39:15) на одморот.

Младите македонски кошаркарки одиграа егал во третиот период, кој противникот го доби со минимални 15:14, што, извесно, не беше доволно да ја намалат високата негатива пред влезот во последната четвртина. Но се ослободија од оној притисок, особено во фазата на нападот, што беше проблематична во првото полувреме.

Но, не и нешто повеќе од тоа, Шведска ја потврди фаворитската улога, рутински ги реализираа последните 10 минути, за убедлив триумф, прв за нив на првенството во Литванија.

Уште еднаш, Ања Начевска, заврши со двоен ефект, затоа што освен 17 поени додаде и 11 скокови, Пислевска девет (и четири скока), исто толку даде и Колева, Мариновска и Џангаровска по два, а Тасовски и Трајковска по еден.

Пред нашиот женски јуниорски состав се два дена за одмор кои ги „диктира“ распоредот на натпреварите во групата „А“. А во среда следува дуелот против репрезентацијата на Ирска, стартува во еден ран термин, од 12.00 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Германија – Ирска 79:50
Шведска – МАКЕДОНИЈА 81:41
Романија – слободна

ТАБЕЛА

1.Германија 3 3 0 213:131 6 бодови

2.Романија 2 2 0 165:111 4

3.Шведска 2 1 1 125:90 3

4.МАКЕДОНИЈА 3 0 3 123:253 3

5.Ирска 2 0 2 116:157 2

ИДНО КОЛО

7. ЈУЛИ – СЛОБОДЕН ДЕН

8. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.00: Ирска – Шведска
19.00: Романија – Германија
МАКЕДОНИЈА – слободна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот