
Тренерот на Левски, Костов: Во модерниот фудбал се случуваат неверојатни пресврти
Тренерот на бугарскиот фудбалски клуб Левски, Николај Костов ја коментираше победата од 2:0 против Шкупи во Скопје во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Препорачано
– Играта е многу тешка за анализа, имаше борба од првата до последната минута, исклучително тешка и исцрпувачка игра за нашиот тим. Заслужено победивме. Имав чувство во еден момент дека сме непобедливи. Не беше идејата да се игра таков фудбал. Драго ми е што победивме, резултатот е исто така добар. Стекнуваме самодоверба, се надевам дека нема да престанеме да победуваме – вели Костов.
Стратегот исто така изјави дека теренот на Националната арена „Тодор Проески“ не е во најдобра состојба.
– Теренот е „без коментар“. Нема смисла да се зборува за да не се навреди некого. За инцидентите дознав пред натпреварот. Им честитаме на нашите навивачи. Нивната поддршка ни е многу важна. Не треба да ги мотивираме играчите, тие се мотиваторите. Се надевам дека никој не е повреден во инцидентите – се зборовите на Костов.
Тренерот на Левски и покрај триумф смета дека не е завршен двомечот со македонскиот претставник.
– Очекувам дека ќе бидеме многу сериозни во реваншот. Во модерниот фудбал се случуваат неверојатни пресврти и мора да се подготвиме што е можно подобро – рече Костов.
Фудбалерот на Левски Димитров по мечот во Скопје: Видовте како се игра на оваа „нива со компири“