фото: levski.bg

Тренерот на Левски, Костов: Верувам во нашиот тим, одиме на победа против Шкупи

Тренерот на бугарскиот фудбалски клуб Левски, Николај Костов одржа прес-конференција по повод првиот натпревар против Шкупи од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Мечот ќе се игра в четврток од 21.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

– Научивме многу за Шкупи. Ги анализиравме играчите на нивните последни два натпревари. Што се однесува до Петрис, тој ќе пристигне малку подоцна во тимот бидејќи го заборавил пасошот. Не очекувајте никакви сензации или казни, тоа им се случува на сите. Тој е важен играч за нас – вели Костов.

Стратегот на Левски и неговите играчи одат со амбиции да ги решат сите дилеми од овој двомеч веќе во првите 90 минути.

– Доаѓаме да победиме, секако. Имам многу верба во нашиот тим. Играчите работат напорно и добро се развиваат, што е важно за нас. Многу е важно да бидеме поддржани од нашите навивачи. Ќе биде мотивирачки за играчите – рече Костов.

Али Адем: Овој Шкупи е способен за многу достигнувања и тоа ќе го докажеме против Левски

Очекувањата пред утрешната средба ги сподели и играчот од средниот ред на Левски Софија, Андриан Краев:

– Ја научивме лекцијата од минатата година. Имавме единствена победа против ПАОК, но паднавме на Хамрун и така видовме дека нема тимови за потценување. Затоа утре се концентрираме и одиме на добар резултат. Прерано е да се каже, но може да се каже дека разликите се во тоа што има нови насоки и се надевам дека тие се на подобро. Каде и да сме играле никогаш не сме почувствувале недостиг од поддршка и секогаш се чувствуваме како домаќини – се зборовите на Краев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот