
Трауматска врска: Зошто не можете да престанете да ги сакате нарцисите иако ве повредуваат?
Животот со партнер кој има нарцисоидно растројство на личноста никогаш не е лесен и пријатен. Нарцисите немаат емпатија за другите, често се рамнодушни кон болката на партнерот, гледаат на луѓето или како совршени или како безвредни и во расправиите се однесуваат кон партнерот како кон непријател кој треба да се победи, пишува „Псајколоџи тудеј“.
Препорачано
Што е трауматска врска?
Терминот трауматска врска, или на англиски „trauma bonding“, е воведен во 1997 година од психологот Патрик Карнес и означува парадоксална врзаност кон насилникот. Наместо жртвата да ја прекине врската поради злоупотребата, таа уште повеќе се врзува за својот насилник.
Фактите покажуваат дека дел од луѓето остануваат во токсична врска иако имаат можност да заминат. Причините се различни: страв од реакцијата на партнерот, финансиска зависност, грижа за децата, емоционална исцрпеност, па дури и надеж дека насилникот ќе се промени. Други, пак, и покрај насилството, избираат да останат затоа што ситуацијата им изгледа „толерантна“ или едноставно не сакаат да почнуваат нов живот.
Дали секој што е во врска со нарцис доживува трауматска врска?
Не. Истражувањата и искуствата на психотерапевтите покажуваат дека повеќето луѓе не развиваат ваков вид врзаност и успеваат да заминат штом ќе сфатат дека се злоупотребувани. Некои тоа го прават уште по неколку средби, веднаш штом ќе забележат „црвени знаци“.
Трауматската врска може да се случи и во односи каде што насилникот не е нарцис, а жртвите кои успеваат да се извлечат често чувствуваат тага, анксиозност и разочараност, но сепак продолжуваат понатаму со својот живот.
Што мислат нарцисите за трауматската врска?
Интересно е што луѓето со нарцисоидно растројство ретко се свесни за поимот трауматска врска. Тие најчесто не ја планираат свесно злоупотребата, туку дејствуваат импулсивно и единствено се грижат дали ги добиваат своите потреби и желби од партнерот.
Трауматската врска е сложен психолошки феномен кој прави дел од жртвите да останат во деструктивни односи и покрај тоа што знаат дека трпат штета. Но, најголем дел од луѓето кои се наоѓаат во вакви односи со нарциси успеваат да најдат сила да заминат, особено кога ќе одлучат дека „доста е“.