Трамп сподели снимка од своите приврзаници како скандираат „надмоќ на белците“

Сенаторот Тим Скот, единствениот црнец републиканец во сенатот, набрзо го критикуваше претседателот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот Твитер профил во неделата сподели видео снимка во која неговите поборници извикуваат „надмоќ на белците“, слоган кој го користат крајно десните бели расисти.

Објавата настанала во заедницата за пензионери на Флорида Вилиџис и прикажува колона постари Американци кои поминуваат во возила за голф игралишта, украсени со американски знамиња и со слогани со поддршка за Трамп, додека околу нив се насобрани противници на републиканскиот претседател.

Велат дека демократите ќе паднат на есен

Видеоснимката од кавгата на двете страни во траење од две минути, а со извикување на слоганот „надмоќ на белците“ (white power) се слуша на нејзиниот почеток.

„Им благодарам на големите луѓе од заедницата Вилиџис. Демократите од радикалната левица кои ништо не прават ќе паднат наесен. Корумпираниот Џое е готов. Се гледаме наскоро“, напиша Трамп на Твитер.

Неговата објава се случува во време на расна напнатост, расправа за системска дискриминација и раширени протести, откако полицијата, на крајот на минатиот месец го загуши Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Сенаторот Тим Скот, единствениот црнец републиканец во сенатот, набрзо го критикуваше претседателот.

„Не требаше да ја сподели таа објава и требаше да ја отстрани“, рече Скот за Си Ен Ен. „Целата работа е навредлива“, заклучи тој.

Твитот во меѓувреме е избришан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот