Трамп телефонски разговара со Путин во Овалната соба.

Трамп го одобри израелскиот напад врз Катар

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната служба Шин Бет денес, по силните експлозии во главниот град на Катар, објавија дека извршиле воздушни напади насочени кон раководството на палестинскиот Хамас.

Според израелските медиуми, меѓу целите биле долгогодишниот лидер на Хамас, Халед Машал, и Халил ел Хаџа, кого Израел го смета за „директно одговорен“ за нападот врз југот на Израел во октомври 2023 година. Канал 12 објави, повикувајќи се на висок израелски функционер, дека американскиот претседател Доналд Трамп дал „зелено светло“ за оваа операција, објави „Тајмс оф Израел“.

Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го „кукавички чин“ и „флагрантно кршење на меѓународните закони и норми“. Високи катарски функционери објавија дека лидерите на Хамас се собрале во Доха за да разговараат за нов американски предлог за прекин на огнот во Газа, кој Катар го доби минатата недела во Париз.

„Хамас доби нов американски предлог преку посредник, кој катарскиот премиер Мохамед Абдурахман ал-Тани го пренесе на делегацијата вчера. Средбата во Доха беше продолжение на тие разговори“, рече катарски функционер.

Арапските медиуми објавија дека највисоките претставници на Хамас биле во зградата кога била погодена во воздушен напад. Извор од Хамас потврди за Ал Арабија дека целта била состанок за да се разговара за американскиот предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Катарското Министерство за надворешни работи објави дека безбедносните сили, цивилната заштита и надлежните органи веднаш почнале да преземаат потребни мерки за заштита на населението и околните области. Властите во Доха објавија дека дополнителни детали за нападот ќе бидат објавени подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот