ВИДЕО: Трамп е официјално уапсен пред судското рочиште, не му ставаат лисици и нема да го сликаат

Фото: Принстскрин

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, денеска стана првиот шеф на државата кој бил уапсен, откако формално му се предаде на судот, каде треба да биде изведен пред судија поради наводно давање мито на порноактерка.

Трамп пристигна со лимузина и силно обезбедување пред судот, каде им отпоздрави на стотиците поддржувачи собрани во близина. Во Њујорк има засилени мерки за обезбедување и дури 35.000 распоредени полицајци поради стравувањата на властите од нереди.

На Трамп, како што веќе јавија медиумите, ќе му биде земен отпечаток од прст, но нема да му бидат ставени лисици и нема да мора да се фотографира како сите останати американски граѓани кои се уапсени. Ова е поради тоа што властите не сакаат дополнително да ги иритираат поддржувачите на Трамп, кој е фаворит во трката за републикански претседателски кандидат на изборите догодина.

Дел од медиумите пишуваат дека ова испраќа многу лоша порака, бидејќи низ третманот со лисици и фотографирање секојдневно поминуваат уапсени луѓе кои се далеку помалку опасни од Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот