
Трамп: Блиску сме до договор за крај на војната во Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека е блиску до договор за завршување на војната во Газа и за враќање на заложниците, објави Ројтерс.
Препорачано
– Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека е договор што ќе ги врати заложниците, тоа ќе биде договор што ќе стави крај на војната – им рече Трамп на репортерите пред да замине од Белата куќа за да присуствува на голф-турнир во Њујорк.
Тој не даде дополнителни детали.
Владата на Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата
Додека меѓународните лидери се собираа во ОН во Њујорк оваа недела, САД го објавија својот мировен план во 21 точка за Блискиот Исток, наменет за ставање крај на речиси двегодишната војна во Газа помеѓу Израел и Хамас.
Според специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, предлог-планот во вторникот бил проследен до официјални претставници од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан.
Трамп, кој останува најтврд сојузник на Израел на светската сцена, рече дека во четвртокот разговарал со претставници од неколку блискоисточни земји, како и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Владата на Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
40мин
-
50мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5