Трајковски е во самоизолација, се одложи рочиштето за „ТНТ“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник во случајот „ТНТ“ на ОЈО, поради контакт со лице заболено од коронсвирус, е во самоизолација, изјави на денешното рочиште судијата Огнен Ставрев кој го суди предметот.

Поради оваа новонастаната ситуација, следното рочиште е закажано за 26 овој месец. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Спроед обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ Вна Фијат Цаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот