Александар Трајановски - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Александар Трајановски - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Трајановски: По 20 години изнајмување, Аеродром ќе добие нова општинска зграда

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, најави изградба на нова општинска зграда, со што, како што вели, ќе се стави крај на две децении работење во изнајмен простор и годишен трошок од околу 120.000 евра.

-Аеродром е единствената општина без сопствен објект. Администрацијата 20 години функционира во супстандардни услови и плаќа висока кирија. Време е тоа да се промени – изјави Трајановски.

Како што најави тој, новата зграда треба да обезбеди современи услови за вработените и побрзи услуги за граѓаните, со централизирани шалтери, подобра пристапност и интегрирани дигитални сервиси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот