Трагичен крај за исчезнатата Анастасија во Грција, голото тело пронајдено во црна вреќа

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Анастасија Рубинска, 27-годишната девојка од Полска, која пред пет дена исчезна на островот Кос во Грција е пронајдена мртва, објави „Прототема“.

Телото на гола девојка е пронајдено во населбата Аликес, а полицијата верува дека станува збор за Анастасија. Се очекува нејзиниот партнер да ја идентификува, пишува „Прототема“.

Според првите информации, голото тело било пронајдено во вреќа покриена со гранки, под дрво во мочурлива област, недалеку од куќата на 32-годишен државјанин на Бангладеш, кој е уапсен. Полицијата освен него, сомничи и еден Пакистанец. Половина од телото било пронајдено во црна вреќа, додека другата половина надвор, пишува „Катимерини“.

Снимките од безбедносните камери од соседните куќи покажуваат како државјанинот на Бангладеш влегува во неговата куќа со Анастасија. Изведените докази од ДНК материјалот се од голема важност за расветлувањето на оваа трагедија, а полицијата веќе има утврдено дека ДНК матреријал од Анастасија е пронајден во куќата на мажот од Бангладеш.

Исчезнувањето на Анастасија го пријави нејзиниот партнер, на 12 јуни во 22 часот и 30 минути. Тој телефонски контактирал со неа, а Анастасија му рекла дека е во Мармарија, дека е пијана и дека некој со автомобил ќе ја донесе до хотелот. Но, потоа му пратила локација за да тој дојде и да ја земе. Меѓутоа, кога момчето пристигнало на адресата, Анастасија не била таму, а мобилниот телефон ѝ бил исклучен. Потоа, полицијата го пронапла мобилниот телефон, но без СИМ-картичка.

Семејството на девојката од Полска веќе испратило приватни детективи во Грција за да дојде до вистината за нејзината смрт.

Мажот од Бангладеш купил авионска карта за Италија веднаш по исчезнувањето на Анастасија поради тоа што сакал да избега.

Анастасија имала слободен ден во хотелот во кој работела на островот Кос во Грција и излегла сама. Во еден момент ја сретнала група од петмина странци кои ѝ понудиле да ја однесат кај нив додека не ѝ стане подобро од алкохолот. Мажот од Бангладеш признал дека имал секс со девојката кај него дома и во полиција тврдел дека потоа ја оставил надвор, во близина на неговата куќа и си заминал. Но, ова негово објаснување не било доволно за полицијата. па тој е главен осомничен за нејзината смрт.

Мајката на Анастасија тврди дека ќерка ѝ била киднапирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот