Фото: Принтскрин

Трагедија во Србија: Чамец се преврте во Дунав, има загинати

Според неофицијални информации, на чамецот се наоѓале 11 кинески државјани.

Чамец со повеќе луѓе се преврте ноќеска во Дунав во близина на градот Бачка Паланка во Србија. Повеќемина завршија во водата по несреќата, објави „Нова“.

На терен се припадници на итните служби од Србија и од Хрватска.

Според неофицијални информации, на чамецот што пловел по Дунав се наоѓале 11 кинески државјани.

Наводно, најмалку еден загинал, а сè уште се трага по две-три лица.

На местото на несреќата е присутен и Специјалистичкиот тим за работа и спасување на вода при Секторот за вонредни ситуации на српското Министерство за внатрешни работи од противпожарно-спасувачката бригада од Нови Сад.

На местото се наоѓаат и екипи на Итната помош и полицијата.

Повеќе информации ќе бидат познати по официјалното соопштение на надлежните органи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот