Топлотен бран во Индија, измерени рекордни температури

Температурите во северните делови од Индија се над 50 степени Целзиусови, при што во Раџастан се измерени 50,6 степени Целзиусови.

Целиот регион е погоден од топлотен бран, со температури кои во изминатите денови надминуваат 47 степени.

Во мај 2016 година во Раџастан беше измерена највисоката температура во Индија од 51 степен.

Индискиот метеоролошки институт соопшти дека топлиот бран ќе се задржи една недела во државите Раџастан, Махараштра, Мадхја Прадеш, Пенџаб, Харјана и Утар Прадеш. Веќе се регострирани неколју жртви од топлотниот бран.

Во Њу Делхи веќе неколку дена температурата е над 47 степени Целзиусови поради што објавено црвено ниво на метео аларм. Земјоделците добиваат вода секој трет ден за добитокот, јавуваат локални медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот