Фото: Инстаграм/Петар Грашо/Фејсбук/Јелена Розга

„Тончи навистина нема среќа – и зет и снаа музичари“: Петар Грашо ја потврди врската на Јелена Розга и Иван Хуљиќ?

Изгледа дека хрватскиот пејач Петар Грашо ја потврди врската на Јелена Розга и Иван Хуљиќ во интервју за „Блиц“, кога ја коментираше изјавата на Тончи Хуљиќ, во која тој изразил желба неговите внуци да не се занимаваат со музика.

„Тончи баш нема среќа. Не сакаше неговите деца да се занимаваат со музика, а двајцата станаа музичари. Па доби и зет музичар, а сега и снаата му е музичарка. Тоа што Тончи го сака, веројатно нема да се оствари“, изјави пејачот за српските медиуми.

Нина Бадриќ, Петар Грашо и Јелена Розга / Фото: Инстаграм/Петар Грашо

Инаку, веќе некое време кружат гласини за врската помеѓу Розга и Хуљиќ, а српските медиуми пишуваа и дека парот ќе се венча. Се шпекулира дека планираат свадба наесен, во Сплит, и дека наводно ќе поканат околу 500 луѓе. Според српските медиуми, Розга и Хуљиќ треба да имаат уште една свадба, на егзотична дестинација како Малдивите или Бали. Засега, ниту еден од нив не ги потврдил овие тврдења.

Гласините за новиот пар започнаа кога во јавноста беа објавени нивни заеднички фотографии од прошетка во Будимпешта. Како што тогаш известија медиумите, фотографиите на кои тие двајца се држат за раце биле направени во летото 2024 година.

Грашо во интервјуто откри и дека неговата сопруга Хана му е најголема поддршка, но и зошто Тончи не дошол на неговиот концерт во Сава центар, каде што од публиката го бодреа неговата сопруга, ќерката Алба и синот Тони.

„Тончи е далеку, фала му на Бога, на обострано задоволство. Пред нашиот Велигден е периодот на таканаречената кorizма, исто како што во православието има пост. Тој период трае 40 дена, а Тончи одлучи дека во тој период нема да пие вино и нема да пуши цигари. Никому не му е добро. Ниту нему, ниту нам околу него. Едвај чекаме да помине тоа и да се врати на своите пороци, за да биде нормален“, изјави Грашо.

ВИДЕО | Бившиот на Јелена Розга: Зборуваа дека и двајцата сме геј, но тоа беше вистинска љубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот