
Томи Шелби се враќа: Потврдено снимањето на филмот „Пики блајндерс“ со Килијан Марфи во главната улога
Официјално е потврдено дека ќе се снима филмот „Пики блајндерс“, како продолжение на добро познатата серија. Оскаровецот Килијан Марфи повторно ќе се врати во улогата на познатиот гангстер Томас Шелби.
Препорачано
Како што објави „Дедлајн“, Марфи, освен што ќе ја повтори улогата, ќе биде и продуцент на филмот. Снимањето започнува кон крајот на оваа година, а Нетфликс ќе го води во соработка со Би-би-си, кој ги емитуваше сите шест сезони од серијата пред остатокот од светот да ги гледа на Нетфликс.
Продолжението на приказната за семејството Шелби, сместено на улиците на Бирмингем во беззаконските 1900-ти, го напиша креаторот на серијата Стивен Најт, кој ќе биде копродуцент на филмот заедно со Килијан Марфи, Керин Мандабах и Гај Хили. Извршни продуценти се Том Харпер, Дејвид Косе, Џејми Глејзбрук, Ендрју Ворен и Дејвид Мејсон.
Нетфликс објави фотографија од сценариото на социјалните мрежи со натпис: „Томи Шелби се врати. Филмот за ‘Пики блајндерс’ со Килијан Марфи доаѓа на Нетфликс“.
Тие споделија и изјава од актерот.
„Изгледа дека Томи Шелби не завршил со мене. Задоволство е да се работи повторно со Стивен Најт и Том Харпер на филмската верзија на ‘Пики блајндерс’. Ова е за фановите”, коментирал Марфи.
Засега не е познато дали некој од актерската екипа од серијата ќе се појави и во филмот, но со оглед на тоа дека во него ќе глуми Килијан, се е можно. Откако откри дека филмот доаѓа на Нетфликс, режисерот Том Харпер ја изрази својата возбуда за проектот.
„Кога првпат го режирав ‘Пики блајндерс’ пред повеќе од 10 години, не знаевме што ќе стане шоуто, но знаевме дека има нешто во алхемијата на актерската екипа и сценариото што се чувствува експлозивно. Серијата отсекогаш била приказна за семејството , па затоа е неверојатно возбудливо повторното обединување со Стив и Килијан за да се донесе филмот пред светската публика на Нетфликс“, рекол режисерот.
И креаторот на приказната, Стивен Најт, ја изрази својата возбуда за претстојниот филм.
„Искрено сум воодушевен што овој филм ќе се случи. Тоа ќе биде експлозивно поглавје во приказната за ‘Пики блајндерс’. Нема граници“, коментирал Најт.
Филмот што сите го чекаат: Килијан Марфи јадел по еден бадем дневно за да биде поубедлив Опенхајмер