
Тито ја запросил Јованка на прекрасен начин: Се венчале кога таа имала 28, а тој 60 години
Јованка Броз почина на 20 октомври 2013 година во Белград на 89-годишна возраст, а нејзиниот живот го одбележа љубовта со Јосип Броз Тито.
Препорачано

Покојната прва дама на Југославија во една прилика раскажа како маршалот ја прашал да му стане сопруга.
Тие прво имале строго деловен однос, но набрзо се развила љубов меѓу нив, па парот тајно се венчал во април 1953 година, кога таа имала 28, а тој 60 години.

Јосип Броз Тито ја запросил Јованка на прекрасен начин. Тој истакнал дека неговиот живот е полн со проблеми, но се надевал дека со неа ќе најде мир.
– Мојот живот беше тежок, исполнет со стресови, лични загуби, секакви несреќи и чувствувам дека со тебе конечно ќе имам мир и среќа – се зборовите со кои ја прашал Јованка да му стане сопруга.
Д-р Александар Матуновиќ, поранешниот личен лекар на покојниот претседател на Југославија, во својата книга „Јованка Броз, совладетелката на Тито“, ја запишал нејзината исповед за тоа како се чувствувала откако Броз ја запросил.
– Непотребно е да се каже колку бев изненадена и збунета. Па, јас бев девојка од средина со патријархални ставови! За мене разликата во години ја исклучи помислата за таква врска. Покрај тоа, бев – нема да биде нескромно да се каже – со допадлив изглед и имав повеќе додворувачи – рекла Јованка.

Иако кога ја запросил биле заедно веќе пет години, таа била изненадена. На почетокот и пречела тридецениската разлика во годините, но подоцна се помирила со неа, признала таа.
– Разликата во години беше голема, но јас не ја почувствував. Тито беше полн со енергија, витален – искрена била Јованка.