Кејт Мидлтон и Доналд Трамп - Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Тијарата што Кејт ја носеше на средбата со Трамп им е омилена на неа и на Вилијам, а обично ја избира со посебна причина

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон блесна на државната вечера носејќи историска тиара со посебна приказна, а ја носела во бројни формални пригоди, иако наводно е толку тешка што предизвикува силни главоболки.

Принцезата од Велс блескаше додека присуствуваше на државна вечера во замокот Виндзор во чест на американскиот претседател и неговата сопруга, Доналд и Меланија Трамп.

Принцезата изгледаше беспрекорно елегантно во чипкан златен фустан од дизајнерката Филипа Лепли, кој совршено го комбинираше со придружните додатоци. Својот елегантен изглед го надополни со блескава тиара, омилената тиара – „Љубовниот јазол“ на кралицата Мери.

Кејт Мидлтон – Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Од 15-те настани на кои таа мораше да носи тиара, Кејт се одлучи за ова бисерно парче, кое има голема сентиментална вредност за неа и принцот Вилијам. Тиарата ѝ била драга и на принцезата Дајана, а била изработена во 1914 година од работилницата на куќата „Гарард“ за кралицата Мери, инспирирана од слично парче што го поседувала нејзината баба, принцезата Августа од Хесен.

По смртта на кралицата Мери во 1953 година, „Љубовниот јазол“ ѝ бил оставен на нејзината внука, кралицата Елизабета II. Кралицата ја носела често во текот на 1950-тите, а потоа, наводно, ѝ ја позајмила на принцезата Дајана како свадбен подарок во 1981 година.

Кејт Мидлтон и Доналд Трамп – Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Но, Дијана потоа, некако неочекувано, за нејзината свадба ја избра тиарата Спенсер, која е семејно наследство. Сепак, таа наскоро почна често да ја носи тиарата „Љубовниот јазол“ и покрај фактот дека била толку тешка што ѝ предизвикувала главоболки.

По разводот од принцот Чарлс во 1996 година, Дијана ѝ ја врати тиарата на кралицата Елизабета, а таа беше чувана во трезорите на Бакингемската палата речиси две децении, сè додека Кетрин, тогашната војвотка од Кембриџ, не ја носеше за првпат на годишниот дипломатски прием во 2015 година.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам – Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Низ годините, Кејт го носеше „Љубовниот јазол“ на шест такви дипломатски вечери, како и на државна вечера во чест на кралот Фелипе и кралицата Летиција во 2017 година, потоа на вечера за кралот Вилем-Александар и кралицата Максима во 2019 година, а во 2025 година на вечера за претседателот Макрон.

Кога кралското семејство го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Бакингемската палата во 2019 година, Кејт повторно ја носеше својата омилена тиара и ја избра за својата прва државна вечера како принцеза од Велс во 2022 година, кога беа домаќини на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот