Фото: Kirsty-tg-shxgrzmzal0 / Unsplash

Многу се здрави: Еве што ќе се случи во вашето тело ако изедете само една пиперка дневно

Пиперките се вкусен додаток на секоја исхрана, особено затоа што доаѓаат во најмалку четири различни бои секоја со свој уникатен профил на вкус и здравствени придобивки.

Подобар вид

Како што морковите се добри за вашиот вид, така е и со пиперките. Пиперките содржат каротеноидни соединенија бета-каротен, лутеин и зеаксантин, како и витамин Ц, кои се клучни за здравјето на очите, наведува Националниот институт за очи. Студијата од Австралија од 2019 година покажала дека портокаловите пиперки содржат највисоки нивоа на зеаксантин, додека жолтите пиперки содржат многу лутеин.

Ја намалува желбата за храна

Ако поминале повеќе од три часа од вашиот последен оброк, изедете ужина што содржи избалансирана комбинација на јаглехидрати и протеини. Една средна пиперка содржи повеќе витамин Ц од портокал, а пиперката можете да ја јадете, на пример, со хумус. Таквиот меѓуоброк ќе го намали чувството на глад.

Губење на килограмите

Пиперките се нискокалорични, а една средна пиперка содржи 31 калорија. Тоа е затоа што пиперките содржат најмногу вода и влакна, а влакната нè одржуваат сити подолго време. Затоа, пиперката е идеална намирница ако сакате да ослабете.

Добра е за коските и зглобовите

Пиперките ги штитат ‘рскавицата и коските благодарение на нивното високо ниво на витамин Ц, наведува Здружението за артритис. Половина шолја црвена пиперка ги дава препорачаните 75 милиграми за жените, односно 90 милиграми витамин Ц за мажите.

Ги намалува воспаленијата

Пиперката е противвоспалителна суперхрана, а црвената пиперка има најмногу здравствени придобивки. Црвената пиперка содржи најголеми количини на бета-каротен, кверцетин и лутеин, а утврдено е дека лутеинот ги неутрализира слободните радикали и го намалува воспалението.

Поздрави заби

Пиперките, како јаболката и другиот крцкав зеленчук и овошје, се природни четки за заби. Нивната крцкава, влакнеста текстура помага да се отстранат честичките од храната и бактериите. Покрај тоа, пиперките се полни со вода, што го поттикнува протокот на плунка, што е од клучно значење за здравјето на вашите заби, бидејќи ги намалува штетните ефекти на киселините и ензимите кои ги напаѓаат забите, наведува Стоматолошкиот универзитет Илиноис во Чикаго.

Го намалува ризикот од развој на срцеви болести

Истражувањата покажуваат дека капсаицинот е моќен антиоксидант кој може да заштити од оксидативен стрес, пишува „Јади го ова“ (Eat this). Истражувачите сакале да го утврдат ефектот на оваа компонента врз метаболичкиот синдром, збир на срцеви состојби вклучувајќи дебелина, отпорност на инсулин, висок крвен притисок и лошиот холестерол.

Во анализата на 12 студии објавени во списанието „Природа“ (Nature), истражувачите не откриле значителни подобрувања во гликозата или хипертензијата, но откриле значително намалување на нивото на лошиот холестерол.

Помага при синдром на иритабилно дебело црево

Синдромот на иритабилно (нервозно) дебело црево е хронично нарушување на дебелото црево кое често предизвикува грчеви, болки во стомакот, надуеност, запек и дијареја (пролив). Црвената пиперка може делумно да ги ублажи тие болки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот