фото: facebook.com/TFTbasketballTEAM

ТФТ кој се подготвува за враќање во АБА 2 лигата се засили со Американецот Џастин Гордон

Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на кошаркарскиот клуб на ТФТ со потпишан договор на една година.

Гордон, кој ги покрива позициите три и четири, пристигнува со богато искуство од 10 различни земји.

Настапуваше во Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и уште неколку европски лиги.

Во дресот на словачката Нитра минатата сезона бележеше просек од 14.2 поени и 5.2 скокови по натпревар.

Воедно, ТФТ веќе сериозно се подготвува за враќањето во AБA 2 лигата, со поглед и кон уште едно меѓународно натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот