Тетово тоне во отпад, комуналците не го собираат, започнаа штрајк поради неисплатени плати

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Тетовските комуналци во кругот на ЈКП Тетово преку штрајк го изразија револтот поради како што велат неисплатените три плати, но и доцнењето со исплатата на здравствено осигурување.

Велат дека така е со години. Голем дел од вработените се болни поради лошите услови во кои работаат, но помош од лекар ретко бараат оти се без здравствено осигурување и пари за приватен лекар немаат. Велат дека нема да го собираат сметот се додека не ги добијат платите.

„Нас ни доцнат плати, немаме здравствено осигурување, за август сме зеле последна плата. Не одиме на лекар кој има ќе се лечи, кој нема нема да се лечи. Најавија дека со нас ќе менаџира словенечка фирма, но тоа нас не не интересира, ние сакаме тоа што сме го сработиле да ни го исплатат, додека не не исплатат не работиме“, вели еден вработен на ЈКП Тетово.

Истакнаа дека од надлежните постојано добиваат лажна надеж дека проблемот ќе се реши, но, состојбата како што велат е со години иста.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

„Ние сме во долгови, нека не земе словенечка фирма ние немаме проблем со тоа, но првин треба да не исплатат. Ако не ни ги пуштат средствата ние нема шанси да излеземе на терен, нека бида екоцид, до небо нека има смет, нас не не интересира, немаме веќе трпение. Само во Тетово има проблеми со доцнење на плата, зошто е тоа така треба некој да се запраша, во никој друг град го нема ова, оди во Гостивар, Струга има пари, само кај нас нема, додава друг вработен на ЈКП Тетово.

На првиот ден од штрајкот на тетовските комуналци местата околу контејнерите во Тетово, веќе започнаа да наликуваат на мини диви депонии.

Од Општина Тетово информираа дека ќе имаат состанок со работниците за надминување на проблемот.

Во ЈКП Тетово со договор и без договор на дело се вработени 400 луѓе кои едвај преживуваат со години, поради нередовна исплата на платите.

Секторот комунална хигиена има стотина вработени и со него од наредната година како што ветија градските власти ќе започне да управува словенечка фирма со која минатиот месец општинските власти потпишаа договор за собирање и транспортирање на сметот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот