Теодор Симиќ/фото: kfsm.mk

Теодор Симиќ: Со вистински пристап и нашата препознатлива енергија по успех во Орадеа

Иако во второто коло од претквалификациите за Светскиот куп 2027 најдобрите македонски кошаркари загубија убедливо на гостувањето во Унгарија, стручниот штаб предводен од селекторот Марјан Илиевски виде и некои позитивни моменти во тие 40 минути.

Меѓу најефикасните во дуелот со Унгарците беше Теодор Симиќ, кој стигна до двоцифрен број поени. Симиќ, како и другите негови соиграчи, сега знаат многу повеќе работи за и околу романската селекција:

– Романија е добро позната репрезентација за нас бидејќи пред десетина дена се сретнавме со нив во Куманово, на наш терен каде што бевме многу блиску до победа, а натпреварот беше одлучен во последните две минути – рече Симиќ.

За мечот во среда навечер, од 19.00 часот, во Арената „Орадеа“ Симиќ како предуслов за успех, го гледа оној правилен пристап на сите кошаркари кои ќе бидат во конечниот состав на селекторот:

– Мислам дека со вистински пристап од почеток на натпреварот до крајот може да се надеваме на добар резултат. Во Куманово покажавме дека можеме да играме против секоја репрезентација, мислам дека и овде во Орадеа имаме големи шанси за победа. Пристапот кон мечот, и енергијата која ја краси оваа, доста подмладена репрезентација, треба да ни дадат поголема шанса за успех на ова второ по ред гостување во претквалификациите. И искрено се надевам дека со нашата енергија, желба и борба ќе излеземе како победници од овој натпревар – вели нашиот највисок кошаркар во националниот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот