Фото: Real Madrid/C.F

Тензии на тренингот во Реал Мадрид: Алонсо испратил една ѕвезда во соблекувална

Според последните информации на шпанските медиуми тензична била атмосферата на еден од последните тренинзи на Реал Мадрид, а во центарот на вниманието биле Антонио Рудигер и Винисиус Жуниор.

Сѐ започнало по еден груб старт на германскиот дефанзивец врз Бразилецот, по што следела размена на тешки зборови и физичко туркање меѓу двајцата. Тренерот Чаби Алонсо веднаш реагирал и без двоумење го отстранил Рудигер од тренингот.

„Довидуваање“, наводно бил единствениот коментар на Алонсо, кој му покажал на искусниот стопер каде е патот до соблекувалната, оставајќи го без право на натамошно учество во тренингот.

Рудигер подоцна морал да се извини на соиграчите, но според извори блиски до тимот, многумина биле изненадени од одлучноста на Алонсо, бидејќи досега ретко се случувало некоја од главните ѕвезди да биде казнета на таков начин.

Целата ситуација добива дополнителна тежина ако се земе предвид дека клубот, како што се шпекулира, нема намера да го продолжи договорот со Рудигер, кој истекува во 2026 година. Реал работи на голема реконструкција на тимот, а во последната линија предност имаат Дин Хујсен и Едер Милитао, кој се врати по тешка повреда.

„Кралевите“ во следното коло од Ла Лига ќе гостуваат кај Реал Сосиедад во сабота, а по првите три кола имаат максимален учинок со три победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот