фејсбук

Темната страна на писателот на книгата „Алиса во земјата на чудата“, кое било девојчето Алис и зошто ја фотографирал гола?

Едни го нарекувале „одвратен педофил“, додека за други Керол бил уметник кој не направил ништо погрешно. 

Книгата „Алиса во земјата на чудата“ веднаш по објавувањето, во 1865 година, станала голем хит носејќи му на нејзиниот автор планетарна слава.

Иако бил сè уште писател аматер, Луис Керол станал еден од најчитаните англиски писатели. Сепак, пишувањето не било единствено негово хоби. Другото хоби на овој необичен писател било предмет на конроверзи и дебати за моралот.

фото фејсбук

Чарлс Доџсон, како што му било вистинското име, бил математичар и умерено познат писател кој пишувал поезија и кратки раскази, воглавно објавувани во весниците и списанијата. Во 1865 година Керол ја објавил книгата која му донела светска слава, „Алиса во земјата на чудата“, таа книга била врв на неговата книжевна кариера и останала негово најпознато дело.

Дури и денес Луис Керол го поврзуваат исклучително само со оваа книга, занемарувајќи дека тој навистина бил многу угледен математичар и професор на Оксфорд, автор на бројни научни трудови и книги од областа на математиката и логиката.

Освен пишувањето, Керол имал второ хоби, не помалку важно, фотографијата.

Децата ми се многу драги, освен момчињата

Речиси деценија пред да биде објавена книгата „Алиса во земјата на чудата“, Керол почнал да се бави со фотографија. Оваа уметност била во тоа време уште во развој, па Керол се истакнал со своите фотографии и по нив станал релативно познат. Некои записи сугерираат дека Керол сметал дека тоа е професија од која може да се заработува за живот.

Наскоро станало очигледно дека младиот научник и писател сака да фотографира деца, а уште попрецизно, девојчиња. Позната е неговата изјава „децата ми се многу драги, освен момчињата“.

Фотографиите на децата ги правел во присуство на родителите, а многу од нив снимени се во дворовите поради природната светлина која е неопходна за добра фотографија.

Сестрите Алис Џејн и Алис Емили фотографирани од Керол, фото Фејсбук

Се верува дека една од неговите мали модели, девојчето Алис Лидел, го инспирирала да го напише романот за Алиса, иако никогаш не е потврдено дека малата Алис е токму таа Алиса од земјата на чудата. Но, интересно е што токму неа и на нејзините сестри, Керол ја раскажал првата верзија на неговата славна книга.

Алис Лидел, го инспирирала да го напише романот за Алиса, фото фејсбук
Алис Лидел со сетсрите, фото фејсбук

Во периодот од 1843 до 1868. направил повеќе фотографии на девојченцето Агнес Велд кои ги изложил во јавност. 

Агнес Велд, фото фејсбук

Друго девојченце, Беатрис Хач, била оминела манекенка на Керол, често опишувана и како негова муза. Била една од првите деца кои писателот ја фотографирал потполно гола, што во тоа време било прилично смел и невообичаен потег.

Овие необични настани со години потоа станале предмет на контроверзи и толкувања на односот на писателот кон девојчињата. Некои дури го нарекувале „одвратен педофил“, додека за други Керол бил уметник кој не направил ништо погрешно.

Тајниот свет на Луис

Во документарниот филм снимен од BBC, емитуван во 2017. година, насловен „Тајниот свет на Луис Керол“, авторите ги изјавиле тврдењата дека Керол дури и Алис и незините сестри ги фотографирал голи и дека е сомнителен фактот дека семејството набргу потоа го прекинала секој контакт со писателот.

– Верувам дека тој бил вљубен во Алис, но дека тоа длабоко го потиснувал и дека никогаш не ја преминал границата на пристојност, раскажала Ванеса Тејт, праправнука на Алис Лидел и додала дека целиот живот во семејството слушала за чудниот однос кој Керол го имал со нејзините претци.

Во негова одбрана биле историчарите Роџер тејлор и Едвард Вејклинг кои пресметале дека нешто повеќе од половина од фотографиите на Керол прикажуваат млади девојки, но дека тоа не е точен приказ зашто околу 60 отсто од неговата работа денес не е сочувана. Освен овие контоверзни фотографии, Керол фотографирал и мажи, жени, кучиња, природа, кукли…

Во 1880 година Луис Керол нагло престанал да се бави со фотографија иако имал свое студио и бил многу популарен. Како причина за тоа зошто се откажал од фотографијата навел дека таа работа му одзема многу време и дека сака целосно да се посвети на пишувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот