
„Телото како да не беше мое“: Сопругата на Алек Болдвин проговори за пластичната операција по раѓањето на седмото дете
Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија откри дека ги подигнала градите по раѓањето на седмото дете. Имено, инструкторката по јога се отвори за нејзината одлука да оди „под нож“ во епизода на „Семејството Болдвин“.
Препорачано
„Бидејќи доев толку долго, тоа беше една од овие работи што решив да ја направам. Повеќе од десет години бев или бремена или доев. Мислам дека ова е првпат откако имам деца, да не сум бремена, ниту да дојам“, рекла таа.
Како што Алек и Хиларија решиле да го прошират своето семејство, Хиларија почнала да се чувствува сè повеќе „исклучена“ од своето тело.
„Скоро се чувствував како моето тело повеќе да не е мое тело“, објаснила таа.
Хиларија откри дека решила да ги подигне градите само за да се чувствува добро. Иако знаела дека постапката ќе ѝ ја зголеми самодовербата, таа била загрижена за ефектот што може да го има врз нејзината најстара ќерка.
„Секогаш кога правам нешто во доменот на суетата, не сакам да се чувствуваат како да мора да бидат дефинирани. И сакам да се обидам да ја заштитам Кармен бидејќи доживеав многу сомнеж во себе и слушав критики повеќе отколку што требаше“, заклучила таа.
Иларија и Алек Болдвин кои се во брак од 2012 година имаат седум деца – Кармен (11), Рафаел (9), Леонардо (8), Ромео (6), Едуардо (4), Марија Лусија (4) и Иларија (2). Алек има и возрасна ќерка Ајрланд од претходниот брак со Ким Бесинџер.