
Тејлор Свифт на суд? Правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони добива неочекуван пресврт
Американскиот федерален судија Луис Лиман го одобри вклучувањето на текстуалните пораки меѓу Блејк Лајвли и Тејлор Свифт како доказ во тужбата меѓу актерката и нејзиниот колега Џастин Балдони за филмот „It Ends with Us“, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Одлуката за вклучување на пораките е донесена бидејќи судот проценил дека комуникацијата меѓу Блејк Лајвли и Тејлор Свифт може да ги „потврди или побие“ наводите за токсична работна средина и наводни притисоци за време на снимањето.
Суперѕвездата треба да биде сослушана неделата по 20 октомври, но само ако правниот тим на Џастин Балдони може да го убеди судијата да го продолжи рокот. Актерката од „Gossip Girl“ го тужи Балдони за сексуално вознемирување, предизвикувајќи правна и медиумска бура на која Балдони одговори со контратужба од 400 милиони долари против Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, обвинувајќи ги за клевета и обид за уцена.
Сега Свифт, која е кума на едно од децата на Блејк и Рајан, ненамерно е вовлечена во грда правна битка. Адвокатскиот тим на Балдони се обиде да ги добие пораките директно од Свифт преку судска покана во мај, но барањето беше повлечено откако тимот на Свифт го нарече „неоправдан лов на вештерки“.
Сепак, судот сега ѝ дозволува на Балдони пристап до релевантни пораки преку редовна размена на докази со Лајвли. Претставниците на Свифт рекоа дека пејачката не била вклучена во кастингот, ниту пак ја видела монтажата или нешто друго од филмот, додека судот заклучи дека ова не е основа за „прикривање на релевантна документација“.
Според извештаите, Балдони тврди дека во 2023 година бил поканет во домот на Лајвли во Њујорк за да разговараат за промените во сценариото, каде што наводно биле присутни и Рајан Рејнолдс и Тејлор Свифт за да ги поддржат ставовите на Лајвли . Исто така, се споменува порака во која Лајвли алудира на своите „змејови“ кои „ги штитат оние за кои таа се бори“, што тимот на Балдони го протолкува како референца за моќни пријатели со потенцијал за притисок . Адвокатите на Лајвли ги нарекуваат таквите толкувања неосновани и ги негираат.
Портпаролот на Блејк Лајвли изјави дека актерката доставила повеќе документи во постапката од Балдони, обвинувајќи го неговиот тим дека со месеци се обидувал да ја „вовлече Тејлор Свифт“ во спорот за да го одвлече вниманието од сериозните обвинувања . Сепак, судот нагласува дека прашањето за публицитет не е релевантно ако бараните материјали се релевантни за спорот.