фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Тејлор Фриц против Јаник Синер за титулата на САД опен

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на САД опен, откако во полуфиналната фаза го совлада Британецот Џек Дрејпер со резултат 7:5, 7:6 (7:3), 6:2. Мечот траеше три часа и четири минути.

Синер е тенисер број еден во светот, додека Дрејпер е 25 на АТП листата. Во првиот сет, Синер направи брејк во седмиот гем, Дрејпер возврати во следниот.

Италијанскиот тенисер сепак го освои првиот сет откако повторно му го одзеде сервисот на својот ривал во 11 гем. Двајцата тенисери го задржаа својот сервис во вториот сет, Синер беше подобар во тај-брејкот со резултат 7:3.

Италијанскиот тенисер направи два брејка во третиот сет и со тоа се пласираше во своето прво финале на УС Опен.

Во финалето Синер ќе игра против Американецот Тејлор Фриц, кој го совлада сонародникот Френсис Тиафо со резултат 4:6, 7:5, 4:6, 6:4, 6:1.

Фриц е 12 тенисер во светот, и со пласманот во финалето на САД опен го постигна најголемиот успех на Грен слем турнирите. Финалето помеѓу Фриц и Синер е закажано за в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот