ФОТО: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Татко ми ме воспита да верувам дека долгот е ужасна работа“: 10 цитати од Опра Винфри за патот до богатството

Опра Винфри, американската „медиумска кралица“, често сака да ја споделува својата страст за работата и животните искуства кои ја направиле она што е денес, нејзината мудрост и совети станале извор на инспирација за луѓето кои копнеат да ги надминат животните предизвици и на крајот да станат успешни.

Родена во сиромаштија во руралните делови на Мисисипи, таа сега е водител, ТВ продуцент и хуманитарец – првиот афро-американски мултимилијардер во Северна Америка. Како дете била сексуално злоупотребена, на 13 години побегнала од дома и покрај тешкото воспитување покажала дека, без разлика на препреките со кои се соочуваме, со мотивација, решителност и напорна работа можеме да постигнеме се.

Овие цитати од Опра Винфри за успехот, работата и богатството може да ви помогнат и да ве мотивираат да ги постигнете вашите цели кога животот станува тежок.

  1. „Големата тајна на животот е во тоа што не постои голема тајна. Без оглед на вашата цел, можете да стигнете до таму – сè додека сте подготвени да бидете искрени со себе за подготовката и работата. Нема задни врати, нема бесплатни возења. Постоиш само ти.“, овој момент и изборот.“
  2. „Вашата работа нема секогаш да ве исполнува. Ќе има денови кога можеби ќе ви биде здодевно. Други денови можеби нема да сакате да одите на работа. Но, сепак одете и запомнете дека вашата работа не е тоа што сте, туку она што ќе станете чекорејќи кон патот на успехот“.
  3. „Ако правите макар и една мала работа секој ден, ќе го изградите вашето наследство“
  4. „Верувам дека секој момент е градежен блок и уште еден чекор на вашето патување да бидете такви какви што сте наменети да бидете и какви што треба да станете“.
  5. „Не постои такво нешто како неуспех. Неуспехот е само животот кој се обидува да нè придвижи во друга насока“.
  6. „Морате да имате некаква визија за вашиот живот. Дури и ако не го знаете планот, мора да имате насока во која ќе одлучите да одите“.
  7. „Татко ми ме воспита да верувам дека долгот е страшна работа“.
  8. „Но, имањето многу пари не ве прави автоматски успешна личност. Она што го сакате се пари и смисла. Сакате вашата работа да има смисла. Бидејќи смислата е она што носи вистинско богатство во вашиот живот. Она што навистина го сакате е да бидете опкружени со луѓе во кои верувате и ги цените и луѓе кои ве ценат, тогаш сте навистина богати“.
  9. „Нешто број еден што треба да направите е да работите на себе, да се наполните и да ја одржувате чашата полна“.
  10. „Дојдов до верување дека секој од нас има личен повик кој е единствен како отпечаток од прст – и дека најдобриот начин да успеете е да откриете што сакате, а потоа да најдете начин да им го понудите на другите како услуга, со тоа што ќе работиме напорно и ќе дозволиме енергијата на универзумот да не води“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот