ВИДЕО: Таравари очекува широк консензус за датумот на изборите и порача дека местото во ДИК е на Алијанса

Арбен Таравари- претседател на алијанса за албанците / Фото „Слободен печат“- Методи Здравев

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари пред почетокот на лидерската средба изјави дека очекува партиите со широк консензус да договорат датум за претседателските и за парламентарните избори.

-Партиите од Владата сме синхронизирани и бараме широк консензус за изборите кои би се одржале кон крајот на април или во почетокот на мај. За укинување на техничката влада требаше да се разговара пред една или две години – изјави Таравари и додаде дека до сега не разговарале со владините партнери на изборите да настапат на заедничка листа.

Според Таравари, за член на ДИК одлучува народот на избори.

-Алијанса за Албанците имаше осум пратеници и член во ДИК. Изет Меџити тогаш беше дел од ДУИ и ДУИ има член на ДИК, а Билал Касами беше со СДСМ на листа и СДСМ има член во ДИК. Африм Гаши беше со нас во колаиција и нашиот претставник е претставник на Алтернатива во Комисијата. Не знам дали ќе се отвори ова прашање, но ова е нашиот став – изјави лидерот на АА.

Тој повтори дека Алијанса засега останува во Владата.

-Нема да дозволиме дестабилизација на Владата се додека има шанси за уставните промени – рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот