Илустративна фотографија / Фото: Pixabay

Таравари: Комисија ќе утврди дали имало пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово

Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не – изјави Таравари

Формирана е комисија која треба да утврди дали имало пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово, а првичните информации ќе може да се очекуваат утре, најави министерот за здравство Арбен Таравари.

– Комисијата работи, нас ни требаат осум дена. Утре имаме прес – конференција 100 дена Влада, сигурно ќе имаме и првични информации. Чекаме и резултати од обдукцијата и ќе видиме. Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не – изјави Таравари одговарајќи на новинарско прашање.

Од болницата во Куманово велат дека се почитувале протоколите при породувањето на 31-годишната жена што почина

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на 1 октомври изврши вонреден инспекциски надзор во Кумановската општа болница за случајот со починатата родилка.

Родилката била во деветтиот месец од бременоста и освен гестациски дијабетес, немала никакви проблеми и бременоста ѝ била контролирана. Ова ѝ била втора бременост. Кога ја примиле во болницата била со прснат воденик, после што се чекало да се добијат спонтани контракции и породувањето да се изведе по природен пат. Но, тоа не се случило и почнати биле стимулации. Одеднаш престанала срцевата работа кај родилката, немала притисок. Викнат бил анестезиолог за реанимација, но без резултати. Потоа била однесена во операциона сала за да се извади плодот.

Причината за смртта на младата жена се очекува да ја покаже обдукцијата.

Здравствениот инспекторат не нашол пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот