Арбен Таравари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Таравари: Ќе излеземе со извештај за смртта на починатата родилка во Куманово и 14-месечното бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештајот за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а понатаму им останува на судските и истражните органи да делуваат.

– Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам дека или денеска или во понеделник најдоцна, ние како Министерство ќе имаме прес-конференција и ќе ги кажеме сите детали од случувањата и со жената којашто беше бремена од Куманово која почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија. Кажав, ако очекувате јас да судам, ние не сме судски орган – вели Таравари.

Таравари: Одбиена е хоспитализација на бебето кое вчера почина

Здравствениот инспекторат не нашол пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово

Тој истакна дека извештајот од Куманово утрово бил доставен во Министерството за здравство.

-Сега ќе ме брифираат штом се вратам оти беше извештајот малку подолг. Јас планирам, можеби денеска во 13 часот ќе свикам повторно прес-конференција во Министерство за здравство, за двата случаи, очекувам можеби и од Педијатрија ќе стигне извештајот денеска – додаде тој.

Од болницата во Куманово велат дека се почитувале протоколите при породувањето на 31-годишната жена што почина

На прашањето дали ќе има обвинение во врска со случајот во кој починаа мајка и дете, во тетовското село Слатино, тој одговори дека уште еден член од семејството треба да се прегледа и да се види евентуално дали и тој има последици, ако навистина причината за смрт е труење. Министерот додаде, дека, дали ќе има обвинение или не, е предмет на истражните органи и на правниот систем.

Почина 14-месечно бебе на Детската Клиника, неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот